Панонски легенди

   Панонски легенди е црковно дел напишано со цел да се покаже целовкупната биографија, мисиите, првата словенска азбука и книжевност на свештениците Кирил и Методиј. Нивниот живот е најкристално покажат токму во ова дело.
   Константин, роден во солунско, Македонија бил македонски учител и филолог. Тој заедно со својот брат, Методиј се стремеле кон создавање на словенска азбука и книжевност. Во делото се покажани нивните мисии, Моравската мисија која била една од најбитните за словенската писменост. Во делото исто така се опишува животот на Константин во неговите рани години, неговото школување и семејство. Константин починал во Рим, додека бил на Моравската мисија и бил сторен светец од папата во Рим кадешто бил преименуван во св.Кирил.
   Методија, братот на Кирил, роден во солунско, Македонија бил како огледало на брата си. Го следел и почитувал во се што Кирил правел. Методиј му помагал на Кирил во смер на словенската книжевност, писменост и словенската азбука. Методиј како постар брат бил офицер 10 години, но потоа тој заминал на планината Олимп заедно со Кирил. Методиј загинал правејќи го она што го сакал на Моравската мисија во Моравија.
   Браќата заедно имаат огромно значење за словенската историја и писменост. Тие загинале правејќи добро за словенскиот народ. Тие ја создале глаголицата која придонела за создавање на сите понатамошни словенски азбуки.
   Кирил и Методиј се многу важни луѓе за нашиот живот. Да не биле тие денеска можно е и да сме немале никаква писменост. Денеска постојат многу цркви, манастири, споменици, школи, факултети и многу други институции што го носат нивното име.

Comments

Popular posts from this blog

Анализа на лик (Повикот на дивината-Џек Лондон)

Анализа на лик( Шагринска кожа- Оноре де Балзак)