Posts

Бескрајна приказна

   Во ова дело, Бескрајна приказна се раскажува за осаменото дете Бастијан Балтазар Бак, којшто бегајќи од лошите деца, намокрен од дождод влегуува до една антикварница. По краток разговор со лошиот сопственик, успева да украде една книга којашто по мислите на сопственикот е ,,несоодветна за деца “.    Балтазар знаејќи дека татко му ќе му ја земе книгата , тој оди на таванот од училиштето и почнува да ја чита. Во приказната имало голем проблем, земјата Фантазија почнувало да ја снемува, но постоело само едно суштество кое можело да ја спаси. Тоа било детето Атреј, којшто задача му било да најде лек за кралицата на кралството Фантазија, со што ќе престане уништувањето на истата. Атреј за да стигне до тој лек, тој се соочува со многубројни проблеми и препреки.    Како што Атреј е на пат по лекот, слуша и гледа чудни работи. Поради ова Бастијан е исплашен бидејќи секој пат кога ќе испуштеше звук, Атреј можеше да го чуе, но не само тоа, туку и Атреј мошеше...

Анализа на лик( Шагринска кожа- Оноре де Балзак)

  Шагринска кожа е роман напишан од францускиот автор О.д.Балзак. Во романот е раскажан тешкиот живот на Рафаел де Валентин којшто бил спремен да го згасне својот живот, но со еден настан тоа све се менува. Ова дела спаѓа под филозофските дела коишто бараат многу размислување за да се сфатат.    Рафаел е  француско момче кое со негова голема несреќа ќе ги изгуби сите пари. Поради тоа тој се чуствувал депресивно и како непотребен во светот. Неговиот живот тотално се сменис со наоѓањето на "шагринската кожа". Таа кожа му ги исполнувала сите желби, но со голема цена. Секој пат кога ќе му остварела желба, негова физичка енергија пополека се губела, како и се намалувала шагринската кожа. Ова Рафаел го искористувал, знаејќи ги последиците. Со тоа Рафаел ја покажува неговата алчност и барање на слободата на самиот себеси.    Статичноста на Рафаел се гледа од користењето на шагринската кожа, т.е добивањето на посаканото нешто без користење на грам труд или вештин...

Анализа на лик (Повикот на дивината-Џек Лондон)

   "Повикот на дивината" е авантуристички роман напишан од англискиот автор, Џек Лондон. Во Романот се работи за бесправниот живот на кучето Бак, коешто од своето семејство во Калифорнија ќе биде киднапирано и однесено во Аласка каде ќе биде теран да ги влече санките полни со злато. Авторот понатаму пишува за неговите пречки, борби и авантури кои ќе го сретнат.    Бак, како главен лик во овој роман е претежно динамичен. Настаните коишто се случуваат се поврзани со него. Ова многу добро се објаснува со неговите постапки и одлучувања. Бак, со неговите особини, храброст, интелегенција и итрост успева да се снајде самостајно. Тоа ни покажува дека Бак, како личност е снаодлив, но и бранлив, за што мора да се одбранува себеси од секакви невољи низ неговите авантури. На Бак не може да се угледа секој човек, бидејќи тој трпел многу работи низ кој стекнал толеранција.    Општеството во кое Бак живее е многу слично на тоа што живеам и јас. Бак живее во суров и м...

Панонски легенди

   Панонски легенди е црковно дел напишано со цел да се покаже целовкупната биографија, мисиите, првата словенска азбука и книжевност на свештениците Кирил и Методиј. Нивниот живот е најкристално покажат токму во ова дело.    Константин, роден во солунско, Македонија бил македонски учител и филолог. Тој заедно со својот брат, Методиј се стремеле кон создавање на словенска азбука и книжевност. Во делото се покажани нивните мисии, Моравската мисија која била една од најбитните за словенската писменост. Во делото исто така се опишува животот на Константин во неговите рани години, неговото школување и семејство. Константин починал во Рим, додека бил на Моравската мисија и бил сторен светец од папата во Рим кадешто бил преименуван во св.Кирил.    Методија, братот на Кирил, роден во солунско, Македонија бил како огледало на брата си. Го следел и почитувал во се што Кирил правел. Методиј му помагал на Кирил во смер на словенската книжевност, писменост и слове...

"Сердарот" Глигор Прличев

   Поемата "Сердарот", напишана од Глигор Прличев е негово најпознато дело. Со тоа дело бил прогласен за  „Втор Хомер“. Во поемата се зборува за мачењето на селаните во галичко-реканскиот крај. Во оваа поема се раскажуваат борбите на Кузман Капидан против албанските пљачкашки разбојнички банди, мачењето на Кузман, неговата смрт и оплакување.   Кузман Капидан во делото е опишан како голем македонски народен јунак и борец. Тој го штител своето село и пробувал да ја штити мајка си. Се борел против албанските пљачкари кои вршеле терор во неговото село. Но во една борба тој бил убиен. Го донеле кај мајка му за оплакување. Тогаш селото немало јунак да ги брани. Немале силен патриот да ги штити од албанците. Биле исплашени и безмоќни. Кузман Капидан го посветил цел свој век на бранење на мајка му и селото. Го посветил борејќи се за Македонија и сакал да го памтат како јунак и храбар борец, како решителен човек којшто за билошто наоѓал решение, како спасител којшто го...

"Илијада" од Хомер

   "Илијада" е епопеја која е напишана од грчкиот афвтор Хомер.Во делото опеани се последните 51 ден од Тројанската војна која траела цели 10 години. Војната започнала со крадењето на принцезата Елена од страна на Парис и се водела помеѓу грчката војна и тројанската.. Поради тоа Аганемном, Ахил, Менелај и цела нивна војска го сфатиле тоа како повод на војната. Но тоа не бил главниот проблем. Како главен проблем во делото се зема караницата меѓу Аганемном и Ахил. Причина за караницата било зимањето на Ахиловата робинка, Бриесеида.    Кога Аганемном и неговата војска го освоиле градот Теба, Аганемном како крал на војската со себе зел две заробенички. Една за него, и една за Ахил. Заробеничката на Аганемном, Хрисеида била ќерка на свештеникот на богот Аполон. Поради тоа свештеникот го замолил Аполон да му ја врати ќерка му и затоа Аполон разнесол чума низ ахејците. Аганемном ја вратил Хрисеида, но му ја зел Брисеида на Ахил кој многу ја сакал. Тоа било причината за к...

Самооценување за колаборативната задача (Биографија)

   Ни беше зададена задача од страна на наставничката Валентина Петрова да направиме ''проект'' за биографија на некоја личност. Требаше да извлечеме едно од десетте ливчиња на коишто ја пишуваше личноста за која требаше да пишуваме. Се поделивме во 7 групи. Јас бев во првата група како претставник ,а со мене беа уште двајца ученици, Владо Поповски и Александар Безег. На нас ни се падна да ја пишуваме биографијата на Игор Џамбазов.    Задачата одбравме да ја правиме на алатката Google Slides бидејќи така ќе можеме да работиме заеедно од дома. Имавме добра колаборација, но нераспределено време.    Групниве задачи ни помагаат да ги покажеме нашите скриени таленти и тоа мене многу ми се допаѓа. Може многу да се научи едни од други, а и да се поправат. Како на пример од Александар научив како да се бараат информациите и сликите, а од Владо како да се организира презентацијата. Се надевам и тие научиле нешто и од мене.    Соработката во групата бе...