Posts

Showing posts from February, 2017

Времеплов од Х.Џ. Велс (Колаборативна табела)

Image
   Во вторникот(21.II 2017год.) ни беше зададена задача од страна на нашата професорка, Валентина. Задачата беше делумно едноставна. Потребни беа да се создаде целовкупна табела од настани за лектирата ''Времеплов'' од Хелберт Џорџ Велс. Потребно беше да се опише ликот, проблемот/судирот и чувствата во соодветниот настан. Задачата ја сфатив сериозно и веднаш почнав со работа.    Бевме поделени во седум групи по три ученика. Во мојата група колаборираа ученикот К. Строимановски и ученикот Т. Тутновски, а јас бев избран како лидер. Колаборативната работа учениците од мојата група не ја земаа сериозно. Им беа зададени задачи кои требаа да се завршат до петок(24.II 2017год.) до 20:00 часот. На ученикот Строимановски беше зададена задача да ги опише судирите во дадените настани, а на ученикот Тутновски беше зададена задача да ги пише дадените ликови во дадените настани, како и кратко објаснување за ликот на нив. Задачите беа дадени од лидерот со консултации со другите ...

Дали времето во коешто живеам јас е најдобро за младите од мојата генерација?

  Оваа тема е многу развиена меѓу луѓето, но моето мислење е НЕ .      Порано децата оделе надвор да играат народна или сл. но сега, тие се дома заклучени и влезени во светот на технологијата. Ги забораваат вредните моменти со фамилијата, другарите...     Го трошат своето скапоцено време на малите работи(мобилни телефони, компјутери, таблети и сл.) наместо да го поминат своето време со своите блиски така што скапоцени мемории ке останат во нас.      Исто така денеска во ова време светот владее со богатството, но она по недоброто.. Парите. Денес луѓето се прават ''богати'' со пари, наместо со чесност, храброст....    Затоа оставете ги уредите и поминете го времето со вашите најблиски.